Започнете пребарување
Одберете Menu > Internet > Search.
За да ги пребарувате содржините на Вашиот мобилен уред, внесете објекти за
пребарување во полето за пребарување, или пребарувајте ги категориите на
содржини. Додека ги внесувате објектите за пребарување, резултатите се
организирани во категории. Најскоро пристапуваните резултати се појавуваат
на врвот од листата со резултати, доколку тие се совпаѓаат со Вашето
пребарување.
За да пребарувате за web страни на интернет, одберете Search the Internet,
некој пребарувач, и внесете ги објектите за пребарување во полето за
пребарување. Пребарувачот кој го одбравте е наместен како Ваш стандарден
интернет пребарувач.
Ако стандардниот пребарувач е веќе наместен, одберете го за да започнете
прилагодување, или одберете More search services за да користите друг
пребарувач.
За да го промените прилагодувањето за Вашата земја или регион за да
пронајдете повеќе обезбедувачи на пребарување, одберете Options >
Settings > Country or region.
19. За Ovi Продавница
Во Ovi Продавница можете да даунлоадирате мобилни игри, апликации,
видео, слики, теми и тонови за ѕвонење на Вашиот уред. Некои објекти се
бесплатни; за други е потребно да платите со Ваша кредитна картичка или
преку телефонска сметка. Достапноста на начините на плаќање зависи од
Вашата земја на живеење и Вашиот мрежен оператор. Ovi Продавница нуди
содржина што е компатибилна со Вашиот мобилен уред и е соодветен со
Вашиот вкус и локација.