Nokia 5230 - Безбедност

background image

Безбедност

Прочитајте ги овие едноставни упатства. Непридржувањето кон нив може да

биде опасно или незаконски. Прочитајте ги целосно упатствата за корисникот

за понатамошни информации.

ВКЛУЧЕТЕ ГО БЕЗБЕДНО
Не вклучувајте го телефонот кога употребата на безжичен телефон

е забранета или кога тој може да предизвика пречки или опасност.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ Е НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш да Ви бидат

слободни за управување со возилото кога возите. Најважната работа

додека возите треба да Ви биде безбедноста на патот.
ПРЕЧКИ
Кај сите безжични уреди може да се јават пречки, кои може да

влијаат на нивната работа.
ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО ОБЛАСТИ СО ОГРАНИЧУВАЊА
Почитувајте ги ограничувањата. Исклучете го уредот во авион, во

близина на медицинска опрема, гориво, хемикалии, или во области

каде се вршат експлозии.
КВАЛИФИКУВАН СЕРВИС
Само квалификувани лица може да го инсталираат или поправаат

овој производ.
ДОДАТОЦИ И БАТЕРИИ
Користете само одобрени додатоци и батерии. Не поврзувајте

некомпатибилни производи.
ВОДООТПОРНОСТ
Вашиот уред не е водоотпорен. Чувајте го сув.

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

8