Акции на екран на допир
Допри и допри двапати
За да отворите апликација или друг елемент на екранот со допир, нормално
допрете со Вашиот прст или перо. Како и да е, за да ги отворите следниве
објекти, мора да ги допрете двапати.
Важно: Користете само пенкало одобрено од Nokia за користење со овој
уред. Користењето на други пенкала може да ја направи неважечка
гаранцијата што се однесува на овој уред и може да го оштети екранот на
допир. Избегнувајте гребење на екранот на допир. Никогаш не користете
вистинско пенкало или други остри објекти за да пишувате на екранот на
допир.
● Листајте ги објектите во апликација, како што е папката Скици во листата
на папки во Пораки
Совет: Кога отворате некој приказ на листа, првиот објект е веќе
обележан. За да го отворите обележаниот објект, допрете го еднаш.
● Апликации и папки во менито кога користите листа како тип на приказ
● Датотеки во листа на датотеки, на пример, слика во приказите за слики и
видеа во Галерија.
Ако допрете датотека или сличен објект еднаш, не е отворен, всушност се
обележува. За да ги видите опциите достапни за објектот, одберете Options
или, ако е достапно, одберете икона од лентата со алатки.
Одберете
Во оваа документација за корисникот, отворање на апликации или објекти со
нивно допирање еднаш или двапати се нарекува "одбирање". Ако треба да
одберете неколку објекти во секвенца, објектите во менито за одбирање се
одделени со стрелка. За да одберете Options > Help, допрете Options, и потоа
допрете Help.
Започни
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
26
Влечи
За да влечете, поставете го Вашиот прст или перо на екранот и лизгајте низ
екранот. За да лизгате горе или долу на web страна, повлечете ја страната со
Вашиот прст или перо.
Повлечи
За да повлечете, брзо лево или десно лизгајте го Вашиот прст или перо на
екранот. Кога гледате слика, за да ја видите следната или претходната слика,
повлечете ја сликата лево или десно, соодветно.
Лизгање за да се отклучи екранот на допир —
За да го отклучите екранот на допир, притиснете
го копчето за вклучување/исклучување или
копчето за мени и лизгајте од десно кон лево.
Лизгање за отклучување на екранот на допир
и исклучување на звукот на повик — За да го
отклучите екранот на допир без да одговорите на повикот, лизгајте од десно
кон лево. Звукот на тонот на ѕвонење е автоматски исклучен. За да одговорите
на повикот, притиснете го копчето за повикување или за да го одбиете
повикот, притиснете го копчето за завршување.
Лизгање за одговор на повик — За да одговорите на дојдовниот повик,
лизгајте од лево кон десно.
Лизгање за исклучување на алармот — За да го запрете звукот на алармот,
лизгајте од лево кон десно. За да го одложите алармот, лизгајте од десно кон
лево.
Лизгање
За да лизгате горе или долу на листи кои имаат лента за лизгање, повлечете го
лизгачот на лентата за лизгање.
Не некои прикази на лист, можете да лизгате со поставување на прстот или
перото на листата на објекти и со влечење горе или долу. За да лизгате низ
Започни
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
27
контактите, поставете го прстот или перото на некој контакт, и влечете горе
или долу.
Совет: За да видите краток опис на икона, поставете го прстот или перото
на иконата. Не се достапни описи за сите икони.
Светло на екранот на допир
Светлото на екранот на допир е исклучено по определен период на
неактивност. За да го вклучите светлото на екранот, допрете го екранот.
Ако копчињата на екранот се заклучени, допирањето на екранот нема да го
вклучи светлото. За да го отклучите екранот и копчињата лизгајте го
прекинувачот за заклучување.