Снимање и прилагодувања за снимање
За да го отворите приказот на прилагодувањата за фотографирање и снимање
пред да направите фотографија или видео, одберете Menu > Applications >
Camera и .
Прилагодувањата за фотографирање и снимање Ви овозможуваат кратенки до
различни објекти и прилагодувања пред фотографирањето или снимањето на
видео.
Прилагодувањата за фотографирање и снимање се враќаат на стандардните
прилагодувања кога ќе ја затворите камерата.
Одберете од следново:
— Одберете сцена.
или
— Префрлете се помеѓу режим на видео и слика
или — Прикажете или скријте ја решетката на пронаоѓачот на изглед
(само слики).
— Активирајте го автоматскиот тајмер (само за слики).
— Активирајте го режимот за секвенци (само за слики).
— Отворете Gallery .
Прилагодувања на слика:
— Одберете некој ефект на боја.
Камера
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
82
— Прилагодете го балансот на бело. Одберете ги моменталните услови на
осветлување. Ова овозможува камерата да ги репродуцира боите попрецизно.
— Прилагодете го надоместувањето на експозицијата (само за слики). Ако
фотографирате темен објект наспроти многу светла позадина, како што е снег,
наместете ја експозицијата на +1 или +2 за да компензирате за светлината во
позадина. За светли објекти наспроти темна позадина, користете -1 или -2.
— Прилагодете ја осетливоста на светло (само за слики). Зголемете ја
чувствителноста на светло во услови на слабо осветлување за да одбегнете
премногу темни слики и заматени слики. Зголемувањето на осетливоста на
светло може исто така да ја рашири сликата.
— Прилагодување на контраст (само за слики). Наместете ја разликата
помеѓу најсветлите и најтемните делови на сликата.
— Прилагодување на острина (само за слики).
Екранот се променува за да одговара на прилагодувањата што ги дефинирате.
Прилагодувањата за фотографирање се зависни од режимот на
фотографирање/снимање. Префрлувањето помеѓу режимите не ги ресетира
дефинираните местења на прилагодувањата.
Ако изберете нова сцена, прилагодувањата за фотографирање се заменуваат
со тие на избраната сцена. Доколку е потребно можете да ги промените
прилагодувањата по избирањето на сцена.
Зачувувањето на сликата може да потрае подолго доколку ги промените
прилагодувањата на зумот, осветлувањето и бојата.