Nokia 5230 - Пакет дата пристапни точки

background image

Пакет дата пристапни точки

Притиснете Menu > Settings и Connectivity > Destinations > Access point,

и следете ги инструкциите на екранот.
За да ги промените некоја пристапна точка, одберете една од групите на

пристапни точки, и одберете некоја пристапна точка означена со

.

Следете ги упатствата на Вашиот обезбедувач на услуги.
Одберете од следново:
Access point name — Името за пристапната точка го дибивате од

обезбедувачот на услуги.

User name — Потребно е име на корисникот за остварување на дата

конекција, а тоа обично го обезбедува Вашиот обезбедувач на услуги.

Prompt password — Ако мора да ја внесете лозинката секој пат кога се

пријавувате во серверот, или ако не сакате да ја зачувате лозинката во

уредот, одберете Yes.

Password — За остварување на дата конекцја е потребна лозинка, која

обично ја обезбедува Вашиот обезбедувач на услугата.

Authentication — Одберете Secure за секогаш да ја испраќате Вашата

лозинка шифрирана или Normal да ја испратите Вашата лозинка

шифрирана кога тоа е можно.

Homepage — Во зависност од влезната точка која ја прилагодувате, внесете

ја web адресата или адресата на центарот за мултимедијални пораки.

Use access point — Одберете After confirmation ако сакате уредот да бара

потврда за креирање пред конекцијата користејќи ја оваа пристапна точка,

или Automatically или ако сакате уредот да се поврзе со саканата

дестинација користејќи ја оваа пристапна точка автоматски.

Одберете Options > Advanced settings и од следново:
Network type — Одберете го типот на интернет протокол за префрлување

на податоци во и од Вашиот уред Другите прилагодувања зависат од

одбраниот тип на мрежа.

Phone IP address (само за IPv4) — Внесете ја IP адресата на Вашиот уред.

Конективност

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

122

background image

DNS addresses — Внесете IP адреси од примарниот и секундарниот DNS

сервери, ако е побарано од Вашиот обезбедувач на услуги. За да ги добиете

овие адреси, контактирајте со Вашиот обезбедувач на интернет услуги.

Proxy server address — Внесете ја адресата за proxy серверот.

Proxy port number — Внесете го бројот на портот на proxy серверот.