Nokia 5230 - За Bluetooth конективноста

background image

За Bluetooth конективноста

Со Bluetooth конективноста, можете да направите безжична конекција со друг

компатибилен уред, како што се мобилни уреди, компјутери, слушалки и

сетови за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испраќате слики, видео и звучни

клипови, да додадете белешки, да префрлувате датотеки од Вашиот

компатибилен PC и да печатите слики со компатибилен печатач.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи

радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е,

тие мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако

конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или

други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги

поддржува следниве профили: напредна аудио дистрибуција, далечинско

управување со аудио/видео, основно снимање слики, идентификација на уред,

модемско поврзување на мрежа, пренос на датотеки, генеричка аудио/видео

дистрибуција, hands-free, слушалки, праќање објекти, пристап до телефонски

именик, SIM пристап и стерео аудио стриминг . За да осигурате

интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth

технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.

Конективност

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

124

background image

Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната

компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на

батеријата.
Кога уредот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.