За начините на позиционирање
Мапи ја прикажува Вашата локација на мапата користејќи позиционирање
основано на GPS, A-GPS или ID на ќелија (cell ID).
GPS (Global Positioning System - Глобален систем за позиционирање) е систем за
навигација основан на сателит што се користи за калкулирање на Вашата
локација. Assisted GPS (A-GPS) е мрежна услуга што ги подобрува брзината и
прецизноста на позиционирањето.
Кога употребувате Мапи за прв пат, потребно е да дефинирате интернет влезна
точка за да даунлоадирате информации за мапа или употреба на A-GPS.
ја покажува достапноста на сателитските сигнали. Една црта е еден
сателит. Кога уредот бара сигнали од сателити, цртата е жолта. Кога има
достапно доволно податоци за да ја пресмета Вашата локација, цртата станува
зелена. Колку повеќе зелени црти има, толку повеќе е веродостојна
пресметката на локацијата.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Американски Држави, која е единствено одговорна за точноста и
одржувањето на системот. На точноста на податоците на локацијата може да
влијае прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на
Соединетите Американски Држави и е предмет на промена со политиката за
цивилен GPS на Министерството за одбрана на Соединетите Американски
Држави и Федералниот радионавигационен план. На точноста исто така може
да влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот
на GPS сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки
како и временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во
внатрешноста на згради или под земја и може да бидат попречени од
материјали како што се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и
на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мапи
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
108
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Со позиционирањето основано на ID на ќелија (cell ID), позицијата е одредена
преку кула со антена на којашто Вашиот мобилен уред моментално е
приклучен.
Во зависност од достапниот начин за позиционирање, прецизноста на
позиционирањето може да се разликува од неколку метри до неколку
километри.