Информации за сообраќајот и безбедноста
Збогатете го Вашето возачко искуство со навремени информации за настаните
во сообраќајот, помош на патот и предупредувања за ограничување на
брзината, ако се достапни за Вашата земја или регион.
Одберете Menu > Maps и Drive.
Приказ на настани од сообраќајот на мапата — За време на навигацијата
за возење, одберете Options > Traffic info. Настаните се прикажани на мапата
како триаголници и линии.
Ажурирани информации за сообраќајот — Одберете Options > Traffic
info > Update traffic info.
Кога планирате маршрута, можете да го наместите уредот да избегне
сообраќајни настани, како гужва во сообраќајот или работи на патот.
Избегнување сообраќајни настани — Во главниот приказ, одберете >
Navigation > Reroute due to traffic.