Пренос на музика од компјутер
Можете да ги користите следниве методи за пренос на музика:
● За да инсталирате Nokia Ovi Player со цел на управување и организирање на
Вашите музички датотеки, преземете го софтверот за персонален компјутер
од www.ovi.com и следете ги упатствата.
● За да го видите Вашиот уред како уред за масовна меморија каде што можете
да пренесете датотеки со податоци, остварете конекција со компатибилен
USB кабел за податоци или поврзете се преку Bluetooth. Ако користите USB
кабел за податоци, одберете Mass storage како режим на конекција. Во
уредот мора да биде вметната компатибилна мемориска картичка.
● За да синхронизирате музика со Windows Media Player, поврзете
компатибилен USB кабел за податоци и одберете Media transfer како режим
на конекција. Во уредот мора да биде вметната компатибилна мемориска
картичка.
За да го промените стандардниот USB режим на конекција, одберете Menu >
Settings и Connectivity > USB > USB connection mode.