Управување со поштенски сандачиња
Одберете Menu > Messaging и Options > Settings > E-mail.
За да одберете кое поштенско сандаче сакате да го користите за да испраќате
и примате e-mail, одберете Mailbox in use и поштенското сандаче.
За да отстраните некое поштенско сандаче и неговите пораки од Вашиот уред,
одберете Mailboxes, допрете го сандачето кое треба да биде отстрането ако
не е веќе обележано, и одберете Options > Delete.
За да креирате ново поштенско сандаче, одберете Mailboxes > Options >
New mailbox. Името кое ќе му го дадете на новото поштенско сандаче го
заменува поштенското сандаче во главниот приказ на пораки. Можете да
имате до шест поштенски сандачиња.
Одберете Mailboxes и некое поштенско сандаче за да ги промените
прилагодувањата за конекција, прилагодувањата на корисникот,
прилагодувањата за превземање, и прилагодувањата за автоматско
превземање.
Пораки
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
71
8. Персонализирајте го Вашиот уред
Можете да го персонализирате Вашиот уред со промена на домашниот екран,
тоновите или темите.
Сменете го изгледот на Вашиот уред
Одберете Menu > Settings и Personal > Themes.
Можете да користите теми за да го промените изгледот на екранот, како што
се позадини и изгледот на главното мени.
За да ја прпомените темата што се користи за сите апликации во Вашиот уред,
одберете General. За да прегледате некоја тема пред да ја активирате,
скролувајте до темата, и почекајте неколку секунди. За да ја активирате темата,
одберете Options > Set. Активната тема се покажува со .
За да го промените изгледот на главното мени, одберете Menu.
За да го промените изгледот на почетниот екран, одберете Home scr. theme.
За да имате слика во позадина или слајд шоу од променливи слики како
позадина во почетниот екран, одберете Wallpaper > Image или Slide show.
За да ја промените сликата што се прикажува во почетниот екран кога ќе
примите некој повик, одберете Call image.
Профили
Одберете Menu > Settings и Personal > Profiles.
Можете да користите профили за да поставувате тонови и да ги
персонализирате тоновите на ѕвонење, тоновите за предупредување за
порака, и други тонови за разни настани, околини, или групи на повикувачи.
Името на одбраниот профил се прикажува на врвот на домашниот екран. Ако
општиот профил е во употреба, само датумот се прикажува.
За да промените некој профил, скролувајте до профилот, и одберете Options >
Activate.