Надградби на софтвер
Одберете Menu > Applications > SW update.
Со надградба на софтвер (мрежна услуга), можете да проверите дали има
достапни надградби за софтверот на уредот или апликациите и да ги
даунлоадирате на Вашиот уред.
Даунлоадирањето на надградби на софтвер може да вклучи пренос на големи
количини на податоци (мрежна услуга).
Осигурајте се дека батеријата на уредот има доволно меморија, или поврзете
го полначот пред да ја стартувате надградбата.
Предупредување: Ако инсталирате надградба на софтвер, не можете да
го користите уредот, дури ни за остварување на итни повици, се додека
инсталацијата не е завршена и уредот е рестартиран. Осигурајте се дека сте
направиле резервни копии на податоците пред да ја прифатите инсталацијата
на надградбата.
По надградување на софтверот на Вашиот уред или апликации преку
надградба на софтвер, инструкциите поврзани со надградените апликации во
упатството за корисникот или во помош можеби нема да бидат повеќе
современи.
Пронајди помош
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
12
За да ги даунлоадирате достапните надградби, одберете . За да тргнете
ознака од определени надградби што не сакате да ги даунлоадирате, одберете
ги надградбите од листата.
За да видите информации на надградба, одберете ја надградбата и .
За да ја видите состојбата на претходната надградба, одберете .
Одберете Options и од следниве опции:
● Update via PC — Надградете го Вашиот уред користејќи компјутер. Оваа
опција ја заменува Start update опцијата кога надградбите се достапни само
при употреба на апликацијата Nokia Software Updater PC.
● View update history — Видете ја состојбата на претходната надградба.
● Settings — Изменете ги прилагодувањата така што стандардната пристапна
точка е користена за даунлоадирање на надградби.
● Disclaimer — Видете го договорот за лиценца на Nokia.