Објавување на датотеки од Галерија
Можете да ги објавите Вашите датотеки од Gallery на некоја онлајн услуга за
споделување.
1. Отворете Menu > Gallery и одберете ги датотеките кои сакате да ги
објавите.
2. Одберете Options > Send > Upload и саканата сметка.
3. Изменете ја Вашата објава како што е побарано.
4. Одберете Options > Upload.
13. Nokia Video Centre
Со Nokia Video Centre (мрежна услуга), можете да преземате и пренесувате во
реално време видео записи од компатибилни интернет видео услуги со помош
на поврзување на пакети со податоци. Можете, исто така, да пренесувате видео
записи од компатибилен персонален компјутер на Вашиот уред и да ги
прикажувате во апликацијата Video centre.
Користењето пристапни точки за пакети со податоци заради преземање видеа
може да вклучи пренос на огромни количини на податоци преку мрежата на
Вашиот обезбедувач на услуги. Контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги
во врска со наплаќањето за преносот на податоци.
Вашиот уред може да има претходно одредени услуги.
Обезбедувачите на услугите може да понудат бесплатни содржини или да ги
наплатат своите услуги. Проверете ги трошоците кај услугата или кај
обезбедувачот на услугата.
Прикажување и даунлоадирање на видео
клипови
Поврзете се со видео услуги
1. Одберете Menu > Applications > Video centre.